Тен Хаг: Ме чека многу работа во Манчестер Јунајтед

После пет години Ерик Тен Хаг си заминува од Ајакс и се сели во Премиер лигата во редовите на Манчестер Јунајтед.

Јунајтед никако не успева да се стабилизира после заминувањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон. Холанѓанецот е свесен што го чека во Јунајтед и дека работата да го врати тимот на славните патеки нема да биде лесна.

„Има многу работи што треба да се поправат во Манчестер Јунајтед, секаде има работа, но во Јунајтед во овој момент има многу. Треба да се организираат повеќе работи. Кога во прашање е тимот од понеделник интезивно ќе се фокусирам“, изјави Тен Хаг кој со Ајакс освои три лигашки и два Куп трофеи.