Тен Хаг: Неприфатливо е да загубиме на овој начин од Кадиз

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг беше доста критичен кон своите играчи по поразот од претпоследниот тим во шпанската Примера, Кадиз со 4-2 на вчерашниот пријателски меч. Холандскиот специјалист го дефинираше настапот на „црвените ѓаволи“ како неприфатлив.

„Очигледно не се разбудивме и сè уште спиевме во првите 15 минути од натпреварот. Особено во средниот ред. Тоа не може да се случи. Тоа е неприфатливо“, коментираше Тен Хаг за еден од головите на шпанскиот тим.

Манчестер Јунајтед е во камп во Дубаи, со дел од играчите на „црвените ѓаволи“, кои немаат обврски околу Светското првенство во Катар.