Тен Хаг: Неслучајно Касемиро освоил пет трофеи од Лигата на шампионите
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, јавно го пофали Касемиро кој во текот на летото го напушти Реал Мадрид и се пресели во Премиер-лигата.
„Јас за него велам дека е бетон во нашиот среден ред. Каземиро навистина има одлична соработка со сите на теренот. Секогаш може да види што се случува“, вели Холанѓанецот.
Ќе потсетиме дека бразилскиот интернационалец со „краелвите“ успеа да освои дури пет пехари во Лигата на шампионите.