Тен Хаг: Овој трофеј е само почеток на нашите успеси

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг е среќен што го освои првиот трофеј со англискиот клуб и верува дека ова е само почеток на едно враќање на тимот таму каде што припаѓа. Манчестер јунајтед го прекина постот без трофеј, момците предводени од Ерик тен Хаг ги израдуваа навивачите освојувајќи го англискиот Лига Куп откако го совладаа Њукасл со 2-0.

„Натпреварот го одигравме со голем дух, момците делуваа како тим и се бореа, дадоа се од себе. Не секогаш игравме убаво за око, но беше ефективно. Најважно е што го освоивме првиот трофеј. Овој трофеј ќе ни донесе многу инспирација, но и самодоверба. Ова се уште е почеток на враќањето на Манчестер јунајтед таму каде што припаѓа, што е освојување на трофеи и овој е првиот.

Кажав и пред натпреварот, Рафа Варан, Касемиро, Давид де Хеа, тие знаат како да освојуваат трофеи. Потребни ви се такви момци на теренот, не само од тактичка гледна точка, туку од психолошка. Тие внесуваат победнички менталитет во соблекувалната, и тоа ја прави разлика“, рече Тен Хаг.