Тен Хаг одлучил Рашфорд да биде прв напаѓач во Манчестер Јунајтед

Извори блиски до Манчестер Јунајтед пренесуваат дека тренерот на екипата Ерик тен Хаг одлучил Маркус Рашфорд да биде прв напаѓач во тимот, и дека очекува од него да постигне преку 20 гола оваа сезона.
Тен Хаг не е воодушевен од незадоволниот Роналдо и има се поголема доверба во Рашфорд. Холандскиот стручњак е свесен декa португалскиот напаѓач сака да си замине од клубот и повеќе не сака да губи време со него. Најверојатно Роналдо ќе го почека зимскиот преоден рок за да го напушти клубот од Олд Трафорд, а Тен Хаг нема намера да го спречи во тоа.
Рашфорд сезонава постигна три гола и притоа додаде уште две асистенции со што очигледно е подобрувањето на неговата голгетерска форма.