Тен Хаг одлучил Роналдо да остане во клубот и наредната сезона
Весникот „Сан“ пренесува дека идниот тренер на Манчестер Јунајтед ,Ерик тен Хаг, сака големата ѕвезда на екипата, Кристијано Роналдо да остане во тимот и наредната сезона.
Досега се веруваше дека Роналдо нема да е дел од проектот на Тен Хаг за иднината на Јунајтед, но според „Сан“, Холанѓанецот бил импресиониран од играта на Португалецот на натпреварот против Брентфорд и смета дека е неприфатливо клубот да загуби толку важен играч како него.
Оваа сезона Роналдо досега одигра 29 натпревари за „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата, постигнувајќи 18 голови и три асистенции. Тој запиша и шест гола во Лигата на шампионите.