Тен Хаг подготвен за нов предизвик, ја мерка клупата на Манчестер Јунајтед

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг е подготвен да преземе нов предизвик во кариерата и да води голем клуб од странство.

51-годишниот тренер беше споменуван како еден од фаворитите за нов менаџер на Манчестер Јунајтед од следното лето, кога му истекува договорот на привремениот тренер Ралф Рангник. Холанѓанецот призна дека е подготвен да прифати таква понуда.

„Мислам дека сум подготвен да одам во странски клуб. Со задоволство ќе пробам нов предизвик. Но, не го барам по секоја цена. Ако тоа никогаш не се случи, сепак не би ја кажал дека мојата кариера беше неуспех. Но, верувам дека ги имам потребните квалитети за да се справам со таква задача“, изјави самиот Ерик тен Хаг.

Тен Хаг го предводи Ајакс од декември 2017 година, а досега со клубот освои две титули во Холандија и два купа. На кормилото на гигантот од Амстердам има 139 победи од 188 натпревари.