Тен Хаг: Роналдо останува во Манчестер
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, повтори дека Кристијано Роналдо нема да го напушти клубот во последниот ден од летниот преоден рок.
Роналдо после завршетокот на минатата сезона изјави дека е незадоволен со амбициите на клубот и дека сака повторно да настапува во Лигата на шампионите. Тој ја пропушти предсезонската турнеја и припремите на екипата, но повторно се врати во Манчестер на стартот од сезонава и имаше мала минутажа.
Се шпекулираше дека Португалецот ќе го напушти Олд Трафорд, посебно после доведувањето на новите играчи во преодниот рок како Антони од Ајакс, но Тен Хаг изјави дека тоа нема да се случи.
„Потребни ни се квалитетни играчи.Потребен ни е голем ростер за да бидеме покриени на сите позиции и на сите натпревари. Нашата цел е таа. Сакаме Роналдо да остане со екипата бидејќи тој ќе ни биде од огромна корист“, изјави Тен Хаг.