Тен Хаг се радува на дуел со Мурињо

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед – Ерик тен Хаг, имаше ласкави зборови за тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо. Англискиот состав в четврток ќе гостува во Турција во меч од 3 коло во Лига Европа.
„Навистина ми се допаѓа да играм против него и екипите што ги води. Тој има освоено толку многу трофеи“, вели Холанѓанецот за неговиот колега од Португалија кој е еден од најтрофејните тренери.
Натпреварот меѓу Фенербахче и Манчестер Јунајтед во второто по квалитет натпреварување во Европа е закажан за 24 октомври.