Тен Хаг јавно побара засилувања оваа зима

Tренерот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг пред последниот меч во годината јасно кажа на која позиција му треба засилување.

„Ѓаволите“ останаа со еден напаѓач помалку по заминувањето на Кристиано Роналдо, а Тен Хаг истакна дека му се потребни само добри фудбалери.

„Потребни ни се добри фудбалери, а не само тие кои ги имаме. Сакаме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот за да може да имаме различни решенија. Бараме вистинско засилување за нападот“, кажа Тен Хаг.

Премиерлигашот има ограничен буџет во моментов затоа што потроши 220 милиони фунти, па се шпекулира во јануари ќе бара само засилувања на позајмица.