Тен Хаг ја сака резервата на Сити во јануарскиот преоден рок
Манчестер Јунајтед во јануари сака да донесе квалитетен играч за врска, а рва желба на раководството е англискиот репрезентативец Калвин Филипс.
Англиските медиуми пренесуваат дека Тен Хаг го посочил како приоритет фудбалерот на градскиот ривал Манчестер Сити. Филипс требаше да биде големо засилување за тимот на Гвардиола, но Англичанецот ретко добива шанса и не ги оправда очекувањата.
Филипс нема иднина на „Етихад“ и сака да ја промени средината во јануари, а Манчестер Јунајтед е еден од најзаинтересираните клубови.
Прашање е дали „граѓаните“ ќе сакаат да го пуштат фудбалерот во градскиот ривал, бидејќи за него интерес покажуваат уште Њукасл и Јувентус.