Тен Хаг ќе го засилува Манчестер Јунајтед со Дамфрис од Интер

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг веќе започна со селекција на играчи кои би го засилиле тимот летово. Холандскиот стручњак посакува да ја подобри дефанзивната линија на екипата со доведување на играчот од Интер, Дензел Дамфрис.

Сонародникот на Тен Хаг би претставувал идеална замена за Арон Ван Бисака кој според шпекулациите ја губи довербата и веројатно ќе ја напушти екипата. 

Интер за услугите на 26-годишниот дефанзивец кого го купи од ПСВ плати 13,7 милиони евра и тој има договор со екипата до 2025 година. Па така ако Јунајтед се одлучи во реализација на трансферот тогаш со сигурност ќе треба да издвои околу 40 милиони евра.