Тен Хаг ќе добие голема отштета, Јунајтед троши богатсво на отпуштени менаџери

Ерик Тен Хаг ќе добие едно од најголемите обештетувања во историјата на фудбалот. Сега е јасно зошто челниците на Манчестер Јунајтед се двоумеле да го отпуштат холандскиот стручњак во последниот месец.

Можеби Ерик Тен Хаг не бил добар менаџер, но затоа има одлични адвокати. Не само што со резултатите го зацрне познатиот англиски клуб, туку сето тоа добро ќе го наплати.

Доколку се точни вестите кои доаѓаат од Англија и Холандија, разрешениот менаџер на „црвените ѓаволи“ ќе добие отштета од околу 20 милиони евра!

На „Олд Трафорд“ веќе подолго време се размислува како да се реши проблемот со замена на Ерик Тен Хаг, знаејќи дека овој потег ќе го чини славниот клуб премногу.

Ричард Мартин објави детали за финансиските трошоци, кои покажуваат дека Јунајтед можел да го отпушти Холанѓанецот за „само“ 12 милиони евра во јуни. Во тоа време, Тен Хаг сè уште имаше договор само до средината на 2025 година.

Сега, околу три месеци подоцна, поранешниот тренер на Ајакс добива многу повеќе пари. Според информациите на Мартин, Тен Хаг може да смета на отпремнина од најмалку 20 милиони евра. Секако, сето тоа има врска со претходното продолжување на договорот, кое беше најавено на почетокот на јули.

Мартин направи уште една опсервација. Тоа е околу половина од сумата што клубот ја заштеди со отпуштање на 250 вработени. Манчестер Јунајтед направи се што може за да ги намали трошоците во последните месеци, но ова дојде како тежок удар.

Отпремнината на Тен Хаг е еден од најголемите во историјата на англискиот фудбал, а уште поболно за клубот од Олд Трафорд е што сите наследници на Алекс Фергусон од 2013 година до денес – Дејвид Мојс, Луис ван Гал, Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјаер – добија отказ!

Оттука и финансискиот надоместок.

Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ потрошиле 70 милиони фунти (околу 84 милиони евра) само за отштета за отпуштените менаџери.