Тео Хернандез е повреден, нема да игра на важните дуели со Челзи и Јуве
Дефанзивецот на Милан, Тео Хернандез е надвор од терените поради повреда која би можела да го исклучи од натпреварите против Челзи и Јувентус по репрезентативната пауза. 24-годишниот дефанзивец е еден од најважните играчи на Милан. Тој викендов одигра цел натпревар против Наполи, но по натпреварот беше откриено дека има сериозен проблем.
Тестовите направени врз него покажаа истегнување на десниот аддуктор. Повредата предизвика тој да биде повлечен од репрезентацијата на Франција за претстојните натпревари во Лигата на нации. Тој ќе биде подложен на дополнителни тестови следната недела, кога ќе биде појасно кога ќе се врати на терените.
Таквата повреда обично бара околу три недели закрепнување. Сигурно ќе ја пропушти средбата со Емполи на 1 октомври, но под сериозен знак прашалник е за натпреварите од Лигата на шампионите со Челзи на 5 октомври и дербито со Јувентус на 8 октомври.