Тепачка во Кристал Палас, Србинот го извлече „подебелиот“ крај

Капитенот на англискиот премиерлигаш Кристал Палас, Лука Миливојевиќ и Мичи Батшуаи имаа
конфликт на тренингот кој премина во физичка пресметка, по што соиграчите ги разделија.
До тоа дојде во текот на тренингот и вежбата со додавања, при што српскиот интернационалец
беше разочаран од ставот на белгискиот напаѓач. Следеа неколку разменети удари, Миливојевиќ
падна на земја, каде пресметката продолжи, па реагираа соиграчите и спречија поголем проблем.
Инцидентот се случил на тренингот пред натпреварот против Арсенал, но истиот на крајот на
влијаеше на резултатот, па Палас успеа да освои бод на Емирати.