Теренот на Шкендија суспендиран од ФФМ
Од натпреварувачката комисија на ФФМ, информираат дека го суспендирале теренот на ФК Шкендија и клубот го предале на дисциплинска комисија која ќе одлучи за казните после немилите сцени кои се случуваа на неделниот натпревар против Шкупи.
Пред натпреварот во Тетово, фудбалерите на Шкупи пред стадионот беа нападнати од навивачите на Шкендија, а подоцна за време на натпреварот линискиот судија беше погоден со камен од трибините. За цело време на мечот, имаше бројни инциденти помеѓу играчите на теренот. По повод овие настани се очекува дисциплинската комисија при ФФМ за брзо време да ги соопшти казните за Шкендија.