Терзиќ: Потресени сме, најмалку што можеме да направиме е да одиграме хуманитарен натпревар

Генералниот директор на фудбалскиот состав, Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, потврди дека неговиот тим ќе одигра хуманитарен натпревар против Вардар во Скопје а приходот од истиот ќе биде за помош за семејствата на погодените од трагедијата во Кочани во која во пожар во ноќен клуб животот го загубија најмалку 59 лица.
„Сите во Црвена Звезда се длабоко потресени од трагедијата што се случи во Кочани. Веднаш стапивме во контакт со нашите играчки легенди од Скопје, Дарко Панчев и Илија Најдоски, и со нивна помош стапивме во контакт со управата на Вардар и се договоривме да одиграме хуманитарен натпревар. Ова е најмалку што може да направи Црвена звезда за својата братска Македонија во ова тешко време. Изразуваме искрено сочувство до сите семејства на жртвите, како и до сите граѓани на Македонија, со надеж дека овој гест ќе покаже колку нè погоди оваа трагедија и дека сме обединети во тагата со семејствата на жртвите“, изјави Терзиќ.
Најавениот меч меѓу Вардар и Црвена Звезда треба да биде одигран на Арената „Тодор Проески“ во Скопје на 16 април.