Тери пред промоција за тренер на Ал-Шабаб

Поранешниот капитен на Челзи и на англиската репрезентација, Џон Тери, е главен фаворит да седне на клупата на саудискиот Ал-Шабаб, објавија англиските медиуми.
Тери се решил да тргне по стапките на Стивен Џерард и да го преземе тимот кој не беше премногу активен во трансфер периодот.
Преговорите со Тери почнале пред два месеци, а 42-годишниот Англичанец веќе ги прифатил понудените услови за соработка и ќе потпише двегодишен договор.
Тоа ќе биде прво тренерско искуство за Тери, кој претходно работеше како помошник во Астон Вила и Лестер.