Тер Штеген мора на операција, Барса бара нов голман
Барселона на подолго време останува без својот најдобар голман и
еден од лидерите во екипата, Марк Андре Тер Штеген.
Германецот има проблеми со грбот поради кои предвреме го заврши
репрезентативниот собир во ноември со тоа што информациите беа
дека ќе може да настапува за Барселона.
Меѓутоа проблемот е од посериозна природа, тој беше недостапен за
соочувањата со Рајо Валјекано, Порто и Атлетико Мадрид за да
денеска стигне информација дека дефинитивно ќе оди на операција.
Барса ја информираше јавноста дека зафатот ќе биде извршен во
текот на оваа седмица по што ќе бидат објавени нови вести, но
медиумите веќе соопштуваат дека паузата ќе биде од неколку месеци
што значи дека Ињаки Пења ќе има сериозна задача да го замени во
наредниот период.