Тер Штеген одлучи да се оперира, го чека нова долга пауза

Марк андре тер Штеген се огласи на социјалните мрежи дека оди на операција поради проблеми со грбот, голманот најави дека ќе биде отсутен три месеци и овој детаљ може да и направи проблем на Барселона.
„Каталонците“ ова лето го донесоа Жоан Гарсија, кој треба да биде новиот број 1, па создадоа конфликт со Марк андре тер Штеген, кој не сака да си оди и планира да се бори за минутажа на „Камп Ноу“.
Но потоа испадна дека голманот ќе мора да направи операција поради проблеми со грбот, и ова беа добри вести за Барса, ќе се отвореше дополнителен простор во сметката за плати за регистрација на нови играчи.
Марк андре тер Штеген денеска се огласи на социјалните мрежи и соопшти дека ќе оди „под нож“.
Сепак, со еден збор тој може да и направи проблем на Барселона – спорен е момент каде што вели дека ќе паузира околу три месеци.
За Барселона да може да искористи 80% од платата на Марк андре тре Штеген за регистрација на други фудбалери, потребно е тој да биде надвор од терените четири или повеќе месеци.
Во своето соопштение, „каталонците“ најавија дека временска рамка за опоравувањето ќе биде понудена откако ќе биде извршена операцијата следната недела.