Тетекс, Шкендија Арачиново и Слога Виница обезбедија учество во Втората лига

Шкендија Арачиново, Слога Виница и Тетекс се последните патници во Втората фудбалска лига на Македонија. Денеска на бараж-натпреварите, најинтересно беше во Кавадарци, каде пред 5.000 гледачи Шкендија Арачиново со 2-1 успеа да слави против Осогово и со тоа следната сезона ќе игра во ВМФЛ.
На теренот на Фудбалската федерација на Македонија, Слога Виница беше убедлива против Преспа и славеше со 3:0, додека на стадионот во Ѓорче Петров гледавме вистинска драма.
Тетекс до 87. минута имаше сигурни 2:-0, за да тимот на Горно Коњари со два гола за три минути да израмни на 2-2. Мечот заврши со пенали по кои Тетекс славеше со 3-1.