Тешки ривали за македонските клубови во второто коло на евро-куповите

Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат доколку го минат првото квалификациско коло во Конференциската лига.

Првите натпревари, во рамките на првото коло ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17 јули.

Осовјувачот на Купот на Македонија, Вардар, за противник во првата рунда го доби тимот од Сан Марино, Ла Фиорита. Црвено-црните се фаворити во овој дуел и доколку ја оправдаат таа улога, во втората рунда за противник ќе го имаат швајцарскиот тим Лозана.

Силекс и Работнички и во првата рунда нема да имаат лесни задачи, а доколку поминат, во втората ги чекаат сериозни противници.

Доколку Силекс во првото коло го мине Дечиќ од Црна Гора, во втората рунда екипата од Кратово ќе се соочи со Рапид од Виена.

Торпедо од Белорусија е прптивникот на Работнички во првото коло. Ако „романтичарите“ ја минат оваа пречка во второто коло ги чека претставникот на Израел, Макаби Хаифа.

Второто квалификациско коло во Конференциската лига на програмата е на 24 (првите натпревари) и 31 јули (реванши).