Тиаго го менува Ливерпул за гигант од Бразил

Тиаго Алкантара би можел да го напушти Ливерпул и кариерата
да ја продолжи во Бразил.
Алкатара минатата сезона пропушти голем дел поради повреда,
па го загуби местото во првиот тим, а сега предност пред него
имаат Мекалистер и Собослај.
Поради тоа Шпанецот е спремен да ја промени средината во
јануари, а најсилен интерес за него покажуваат неколку бразилски
клубови.
Алкантара е син на прославениот бразилски фудбалер Мазињо,
иако е шпански репрезентативец, сепак Бразил е негова
татковина.
32-годишниот плејмејкер е спремен да се врати во татковината, а
интерес за него покажуваат Коринитианс, Ботафого, Палмеирас и
Фламенго.