Тиафо во два сета го надигра Коболи во Торино

Френсис Тиафо ја забележа првата победа на завршниот мастерс турнир во Торино, откако убедливо го совлада италијанскиот тенисер Флавио Коболи со 2-0 во сетови (7-6, 6-0).

Американецот мораше добро да се измачи во првиот сет, кој траеше 61 минута и беше решен во тај-брејк со 8-6.

Вториот сет беше вистинска демонстрација на сила. Тијафо три пати го одзеде сервисот на Коболи и не му дозволи да освои ниту еден гем, со што стигна до убедливи 6-0.

По овој пораз, Коболи ги загуби сите шанси за пласман во полуфиналето.