Тиафо го совлада Алкараз на ревија во Њу Џерси

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз ноќеска загуби од Американецот Франсес Тијафо на ревијален турнир во Њу Џерси.
Натпреварот заврши со 2-1, по сетови 6-3, 3-6 и 10-7.
Дваесет и двегодишниот Шпанец освои 24 АТП турнири во поединечна конкуренција. Во сезоната 2025, Алкараз освои осум титули, вклучувајќи го Отвореното првенство на САД и Ролан Гарос.