Тиафо: Треба уште да учам како да победувам тешки мечеви

Американскиот тенисер, Френсис Тиафо, кој не успеа да влезе во финалето на Отвореното првенство на САД, вели дека е задоволен од постигнатото. Тој во полуфиналето загуби од сонародникот, Бен Шелтон.
„Мечот беше тежок. Знаете, изминатите неколку недели беа одлични но, не успеавме да ја завршиме работата до крај“ – потенцираше Тиафо.
„Разочаран сум но, во исто време сум многу горд на себе на тоа што го постигнав“ – рече Таифо кој од понеделник ќе се врати во Топ 10 на АТП листата и тоа на осмото место.