Тиему Бакајоко пред портите на белградска „Маракана“
Црвена звезда е заинтересирана за поранешниот играч од средниот ред на Челзи, Тиему Бакајоко, пренесуваат српските медиуми.
Бакајоко би бил одлично засилување во средниот ред, особено во дефанзивните задачи. На таа позиција Зведа ги има Марко Стамениќ кој игра одлично, Срѓан Мијаиловиќ и новајлијата од Спартак Едмунд Ада, но според информациите тој не се наметнал на стручниот штаб за време на подготовките.
На радарот на Звезда се неколку играч, а еден од нив е поранешниот играч за врска на Рен, Монако, Челзи, Милан и Наполи.
Се наведува и дека е воспоставен контакт со Бакајоко и дека од Франција пристигнале позитивни информации.