Тиквеш за нијанса подобар од Македонија ЃП, бодовите остануваат во Кавадарци

Фудбалерите на Тиквеш ја совладаа Македонија ЃП со 2-1 и ја забележаа втората победа во првенството. Тиквеш рано стигна до предност, Садик уште во деветтата минута го совлада гостинскиот голман Јанков, а на 2-0 зголеми Ивановски во 68. додека стрелец на единствениот гол за гостите беше Ѓорѓи Стоилов од пенал.
Во првото полувреме двата тима имаа можност да постигнат уште по некој погодок. Рамадани за малку не ја погоди сопствената мрежа при интервенција во петте метри и при тоа ја погоди гредата од голот на Стевковски. Веднаш на спротивната страна на асистенција на Миловановиќ, ударот на домашниот фудбалер Стојанов заврши во дирекот.
Во второто полувреме Абдула „од непосредна близина со глава шутира директно во Стевковски. Илиески на спротивната страна со глава шутира преку голот на Јанков.
Тиквеш до победата стигна во 68. минута, ударот Стојковски, голманот на гостите Јанков успеа да го одбрани, а топката стигна до Ивановски кој осамен само пласираше во празната мрежа.
Во обидот да израмни Македонија ЃП вреден за споменување е ударот на Глишиќ кој можеше и да асистира но реши да шутира, но беше изблокиран.