Тилеманс: Не сум донел одлука за заминување од Лестер

Фудбалерот од средниот ред на Лестер, Јури Тилеманс ги коментираше гласините дека би можел да го напушти клубот за време на летниот преоден рок. 

„Се трудам да не размислувам за гласините и да се фокусирам на мојата игра. Речиси секој ден моето име се поврзува со друг клуб. Имам чувство дека луѓето мислат дека дефинитивно ќе заминам на лето, иако имам уште една година со Лестер. Се чувствувам одлично во тимот, ми се допаѓа градот, моите деца одат на училиште овде. Имаме и многу амбициозен тим. Смирен сум за мојата иднина. Мојот договор е со важност до 2023 година, но тоа не значи дека дефинитивно ќе заминам. Се уште немам донесено одлука“, потенцира Тилеманс.