Тимо Вернер ова лето го напушта Челзи

Германските медиуми известуваат дека напаѓачот Тимо Вернер сака да го напушти Челзи во летниот преоден рок.
Вернер, во Лондон пристигна како големо засилување од Лајпциг, и од него се многу се очекуваше, но и покрај својот голем потенцијал, тој не успеа да го прикаже својот квалитет.
Неговата форма во Челзи не е најдобра. На 14 натпревари во Премиер лигата, тој постигна само еден гол и оствари една асистенција. Со оглед на фактот дека оваа година се одржува Светското фудбалско првенство, неопходно е Вернер да има стандардни настапи и да постигнува голови.
Најреална опција за фудбалерот во моментот е тој да ја промени средината и да го напушти Челзи. Најголем интерес за негово доведување искажува Борусија Дортмунд, меѓутоа како проблем за таков трансфер би бил износот на неговата плата која изнесува 16 милиони евра годишно.