Тирана е новиот клуб на Ардијан Нухиу

Поранешниот стратег на Шкендија и Шкупи, Ардијан Нухиу, ја продолжува својата тренерска кариера во Албанија, каде што го презема кормилото на екипата на Тирана. Тој на клупата ќе го замени Италијанецот Роберто Бордин, кој беше отпуштен поради серијата разочарувачки резултати.
Раководството на клубот од главниот град одлучи шансата да му ја довери токму на Нухиу, кој последно работеше во косовската Дрита. Тоа беше и неговиот единствен ангажман надвор од Македонија, по епизодите и со Шкендија и Шкупи.
Тирана моментално се наоѓа во тешка ситуација на деветтото, претпоследно место на табелата, со само еден бод повеќе од Фламуртари.