Тијани Рајндерс трансфер цел на Јуве ова лето

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус го мерка Тиџани Рајндерс од Манчестер Сити, Холанѓанецот падна во втор план кај Пеп Гвардиола и може да го напушти „Етихад“.

Тијани Рајндерс беше едно од големите засилувања на Манчестер Сити минатото лето, беа инвестирани околу 70 милиони евра сосе бонуси за негов ангажман и тој одлично ја започна авантурата на „островото“.

Но со текот на времето добиваше се помала минутажа, за сега да се најде во втор план кај Пеп Гвардиола.

Па се почесто се говори дека Тиџани Рајндерс по само 12 месеци може да го напушти „Етихад“ и последните информации велат дека Јувентус е подготвен да го врати во Серија А.

Лучано Спалети сака играчи кои веднаш ќе се вклопат, па двете сезони на Холанѓанецот во Милан и врвните партии во „црвено-црниот“ дрес му дава сигурност на Јувентус дека ќе донесе квалитет.

Сепак, зделката воопшто не е едноставна од финансиски аспект, Манчестер Сити ќе сака да врати што е можно поголем дел од инвестицијата.

Опции ќе бидат и позајмица со опција Тиџани Рајндерс во целост да биде купен, а не се исклучува и можноста за трампа.