Ти-Џеј Шортс е МВП на петтото коло во Евролигата

Македонскиот репрезентативец и член на Париз Баскет, Ти-Џеј Шортс, официјално е прогласен за МВП на петтото коло во Евролигата.
Париз триумфираше со 70-79 на гостувањето против Монако благодарение само на македонскиот репрезентативец кој мечот го заврши со 28 постигнати поени, 10 асистенции и четири скока.
Ти-Џеј Шортс беше убедливо најдобар поединец на паркетот завршувајќи со „дабл-дабл“, а во својот тим единствено поддршка имаше од Американецот Ворд кој заврши со 15 поени.