Томас Милер после дебаклот во Купот на Германија: Прв пат доживувам ваков срам
Играчот за врска на Баерн Минхен, Томас Милер собра сили и им се извини на навивачите по срамниот пораз во Купот на Германија од екипата на Борусија Менхенгладбах кој заврши со резултат 5:0.
Баварците испаѓаат од германскиот Куп втора година по ред, и тоа многу рано , во второто коло од натпреварувањето.
„Во текот на натпреварот не најдовме начин како да го стартуваме погонскиот мотор на Баерн. Можеме само да им се извиниме на нашите навивачи и да им честитаме на Борусија Менхенгладбах на победата. Можам да истакнам дека со исклучок на гоманот Ноер, сите останати одигравме катастрофално слаб натпревар. Никогаш не сум доживеал вакво нешто. „Тешко е да разбереме.Сега мора да заборавиме што се случи, одиме напред во следниот натпревар“, изјави Томас Милер после натпреварот.