Томас Парти во аут до крајот на сезоната
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, објави дека играчот од средниот ред на Арсенал, Томас Парти, најверојатно нема да игра до крајот на сезоната.
28-годишниот репрезентативец на Гана кој беше еден од клучните играчи на Арсенал оваа сезона, се повреди во поразот од Кристал Палас минатата недела.
“Веста е дека тој нема многу шанси повторно да заигра до крајот на сезоната“, изјави шпанскиот тренер пред новинарите.