Томас Парти е замената за Погба во Јуве
Јувентус би можел да ангажира играч на Арсенал за да го замени Пол Погба. Претходно се дозна дека 30-годишниот играч од средниот ред на Јувентус имал позитивен допинг тест за тестостерон, поради што се соочува со забрана за играње фудбал до четири години.
Светскиот шампион со француската репрезентација беше привремено дисквалификуван од Националниот антидопинг трибунал на Италија. Поради допинг Јувентус има право да го раскине договорот со Погба, клубот веќе престана да му ја исплаќа платата на Погба.
Како што пренесува „Гоал“, Томас Парти е меѓу оние фудбалери кои ги интересираат челниците на Јувентус. Јуве веќе подолго време го следи играчот од средниот ред од Гана и се распрашуваше за неговата достапност на пазарот ова лето. Арсенал и покрај купувањето на Деклан Рајс, не сака да се раздели со Парти, но ситуацијата може да се промени доколку пристигне профитабилна понуда Во сезоната 2023/24, 30-годишниот Томас Парти учествуваше во три натпревари од Премиер лигата.