Томас Парти подготвен за дербито со Ливерпул
Микел Артета ќе може да го користи Томас Парти на утрешното дерби против Ливерпул.
Интернационалецот од Гана имаше повреда на препоните поради која ги пропушти квалификациските натпревари на репрезентацијата против Етиопија и Јужна Африка. За време на паузата за репрезентациите, сепак, успеа да се опорави и може да биде стартер на „Енфилд“. Ќе може да игра и капитенот Пјер-Емерик Обамејанг, иако заработи полесна повреда за време на кампот на репрезентацијата на Габон.
Само Гранит Џака и Сеад Колашинац продолжуваат да закрепнуваат и нема да му бидат на располагање на Артета за претстојната пресметка со Ливерпул.