Томас Франк од Брентфорд ќе стане новиот тренер на Тотенхем

Тотенхем Хотспур ќе го назначи Томас Франк за нов главен тренер, се очекува да се потврди неговиор долгорочен договор во наредните неколку дена. 

51-годишниот тактичар доаѓа на местото на Анж Постекоглу по катастрофалната сезона во Премиер Лигата со Спурс. Иако клубот го освои трофејот во Лигата на Европа, Тотенхем заврши на 17-тото место на табелата — едно место над зоната за испаѓање. Слабите резултати на домашната сцена беа клучни за разделбата со Постекоглу. 

Франк е познат по својата тактичка флексибилност и способноста да развива играчи, особено во услови на ограничен буџет. Откако го презеде Бренфорд во 2018 година, успеа да го однесе клубот до Премиер Лигата во 2021 и да го предводи до најдобриот финиш во историјата — 9-то место во сезоната 2022/23. 

Раководството на Тотенхем го гледа Франк како фигура која може да донесе долгорочна стабилност и јасна фудбалска визија. Во тек се преговорите за составот на неговиот стручен штаб, а финалните детали од договорот се очекува да бидат завршени наскоро. 

Назначувањето на Франк претставува значаен чекор во обидот на клубот да се стабилизира и повторно да се позиционира меѓу најдобрите екипи во Премиер Лигата.