Томе Пачовски е нов тренер на голманите во македонската фудбалска репрезентација
Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Томе Пачовски ќе биде дел од стручниот штаб на селекторот Благоја Милевски и ќе биде тренер на голманите во националниот тим.
39-годишниот Битолчанец, е поранешен голман на Пелистер, Работнички и Вардар, но имаше и богата интернационална кариера во грчкиот Јоникос и во Бершот и Мехелен од Белгија.
„Голема чест е добивањето на можноста да бидам дел од македонската фудбалска репрезентација. Верувам дека со моето искуство ќе помогнам во подобрувањето на перформансите на голманите во тимот. Со нетрпение ги очекувам следните натпревари на националниот тим и убеден сум во успехот на нашите играчи“, изјави Пачовски.