Томовски останува голман на Вардар
Голманот на македонската ракометна репрезентација, Мартин Томовски, одлучи и во наредната сезона да остане во РК Вардар 1961.
Томовски е член на Вардар од минатата година и беше еден од најзаслужните поединци во тимот кој успеа да ја освои дуплата круна во македонскиот ракомет.
Иако се очекуваше Томовски да го напушти скопскиот клуб со оглед на казната од ЕХФ со која му се забрани на Вардар да настапува во Лигата на шампиони, сепак тој одлучи да остане во црвено-црниот дрес и во следната сезона.