Томовски фантастичен и во дуелот со моќникот Фуксе Берлин

Серијата одлични настапи на Мартин Томовски во најсилната лига на светот продолжи и на денешниот дуел во кој неговиот Битигхајм го пречека актуелниот шампион Фухсе Берлин.

Дуелот беше неизвесен до самиот крај токму благодарение на македонскиот голман, кој бранеше извонредно во текот на целиот меч. За жал, неговиот настап не остана награден со сензација, откако Берлин на крајот славеше со минимални 31-32.

Томовски го заврши натпреварот со 14 одбрани со 30% успешност во одбраните по обидите на Гидсел, Грендал, Лангхоф и останатите ѕвезди на актуелниот шампион.

Тој останува при самиот врв на рангирањето на најдобрите голмани во Бундес-лигата, па нема да биде изненадување ако Томовски во наредниот пери