Тонали побара да се врати во Италија

Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали сака да се врати од Њукасл во Италија. Интерес за ангажман на Тонали пројавиле Милан, Интер и Јувентус.

Њукасл во 2023 година плати 70 милиони евра за играчот од средниот ред, а набргу потоа тој отслужи 10-месечна забрана за обложување.

Според „La Gazzetta dello Sport“, 24-годишниот играч од средниот ред не е задоволен од својата позиција во клубот и сака да ја напушти Англија.

Оваа сезона Тонали има 13 натпревари во Премиер лигата и нема постигнато ниту еден гол.

Трансферот на Тонали од Милан во Њукасл чинеше 70 милиони евра. Платата на фудбалерот изнесува девет милиони евра по оданочување и оваа сума е пречка за потенцијалните преговори.