„Топџиите“ се разделија со тројца фудбалери на истек на договорот
Арсенал на својата официјална веб-страница објави заминување на неколку играчи на крајот на сезоната 2020/2021.
Голманот Метју Рајан, дефанзивецот Давид Луиз, играчите од средниот ред Дани Себаљос и Мартин Одегард го напуштаат Арсенал. Шпанецот и Норвежанецот играа за Арсенал на позајмица, а имаат договори со Реал Мадрид.
„Им благодариме на наведените играчи за придонесот во клубот за време на нивните постојани договори или позајмица. Вие секогаш ќе бидете дел од семејството Арсенал и ви посакуваме се најдобро, здравје, среќа и успех во иднина“, напиша прес-службата на Арсенал.
Во сезоната што заврши, „топџиите“ завршија на осмото место на табелата во англиската Премиер лига со 61 освоен бод. Така, лондонскиот клуб не доби можност за настап во Европските купови за следната сезона.