Торган Азар се пресели во ПСВ

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Торган Азар, својата играчка кариера ќе ја продолжи во екипата на ПСВ Ајндховен.

Азар во дресот на тимот од холандското првенство ќе настапува како позајмен играч до крајот на сезонава. Белгиецот кој е еден од тројцата браќа Азар, има актуелен договор со Дортмунд до летото 2024.година.

Торган Азар е еден од фудбалерите со највисока плата во тимот на „милионерите“ од Дортмунд, со годишна заработувачка од седум милиони евра. ПСВ се согласи во потполност да ја покрива неговата плата, но не се појаснува дали играчот после завршувањето на сезоната ќе се врати во Борусија.