Торино спремен да го откупи Никола Влашиќ

Торино ќе го откупи потписот на фудбалерот, Никола Влашиќ, кој во изминатата сезона играше како позајмен од Вест Хем.

25-годишниот Хрват имаше пет голови и осум асистенции на 37 натпревари. Затоа, популарните „бикови“ се определија да му понудат перманентен договор на четири години а на англискиот тим за трансферот да му платат 10 милиони евра плус два како бонуси.

Влашиќ треба да ги помине задолжителните медицински тестови и да потпише за тимот од Италија.