Тотенхем во потрага по нов менаџер

Жозе Мурињо веќе не е тренер на Тотенхем. Клубот одлучил да се раздели со Португалецот кој не ги оправда очекувањата во тековната сезона. Оваа информација доаѓа од англиските медиуми како големо изненадување. Поранешниот англиски фудбалер рајан Мејсон ќе ја преземе неговата улога до крајот на сезоната. Позицијата на Мурињо сериозно се разниша по елиминацијата во Лигата на Европа од Динамо Загреб, но и неубедливите резултат во Премиерлигата. Последните изјави на Мурињо околу карактерот на неговите играчи помогнаа Даниел Леви да ја донесе оваа одлука да му даде отказ на еден од најуспешните менаџер во историјата. За само една недела Тотенхем треба да игра против Манчестер Сити во обид да обезбеди финале во Лига Купот. Минатиот викенд Тотенхем одигра нерешено со Евертон што преставува последен меч на Мурињо на клупата на Тотенхем.