Тотенхем го „грабна“ Аргентинецот Кристијан Ромеро
Тотенхем официјално го објави трансферот на дефанзивецот Кристијан Ромеро, кој се приклучува на тимот со петгодишен договор.
Клубот и плати 55 милиони евра на Аталанта, која претходно денеска го купи од Јувентус за сума од 16 милиони евра. 23-годишниот Ромеро минатата сезона играше за Аталанта со позајмица од „Старата дама“. Во 2019 година, тој беше привлечен од гигантот во Торино од Фабио Паратичи, кој сега е спортски директор на Тотенхем. Тој никогаш не доби шанса во „Бјанконерите“ и беше испратен на позајмица прво во неговиот поранешен тим Џенова, а потоа и во Аталанта.
Во текот на минатата сезона, централниот дефанзивец одигра 42 натпревари за Аталанта во сите натпреварувања и со своите одлични настапи беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А за сезоната 2020/21.
Ромеро летово дебитираше за репрезентацијата на Аргентина како стартер на Копа Америка, кој го освои со неговата селекција. Тој е второто засилување на Тотенхем, привлечено од Аталанта ова лето, по голманот Пјерлуиџи Голини. Аргентинецот ќе игра со број 4 во својот нов тим.