Тотенхем го отпушти тренерот Стелини

Претседателот на англискиот премиерлигаш Тотенхем, Даниел Леви, објави дека клубот ја прекина соработката со тренерот Кристиан Стелини.

Местото на Италијанецот Стелини во Тотенхем ќе го преземе Рајан Мејсон кој досега работеше како помошник тренер, а е поранешен играч на клубот од Лондон.

Отказот за тренерот беше очекуван после дебаклот на Тотенхем на гостувањето со Њукасл кога беше поразен со 6:1. Стелини стана тренер на Тотенхем минатиот месец кога од клупата си замина неговиот сонародник Антонио Конте.