Тотенхем го официјализираше трансферот на Чави Симонс

„Спарси“ го комплетираа трансферот на Чави Симонс од РБ Лајпциг, Холанѓанецот стави потпис на договор до јуни 2030, со опција за уште две додатни години.

Челси со недели со посочуваше како главен фаворит за потписот на Чави Симонс но фудбалерот на крајот заврши во Тотнем.

„Сините“ сметаа дека фер цена за Холанѓанецот е 50 милиони евра и не сакаа да потрошат повеќе од оваа сума, додека пак „спарси“ решија да бркнат нешто подлабоко во џебот и со 60 милиони евра да го ангажираат Чави Симонс.

Трансферот официјално беше потврден вечерва, Чави Симонс го доби дресот со број 7 и стави потпис на договор до 2030, со опција за уште две додатни години.

Останува да се види дали Челси ќе жали што не направи додатен напор за да го донесе Чави Симонс, кој важи за еден од најперспективните млади играчи во Европа.