Тотенхем донесе нов десен бек од Спортинг
Премиерлигашот Тотенхем, објави дека го реализира трансферот на Педро Поро од Спортинг Лисабон.
Поро кој игра на позицијата десен бек, во Тотенхем ќе настапува како позајмен играч до крајот на сезоната, а потоа лондонскиот клуб има обврска да плати 39 милиони фунти за целосен откуп на неговиот договор.
Шпанскиот фудбалер ќе потпише договор со важност до 2028.година, а во Тотенхем ќе го задолжи дресот со број 23. Поро за местото првотимец во екипата ќе му биде конкурент на Емерсон Ројал, откако другиот десен бек, Мат Доерти прејде во Атлетико Мадрид.